Успех на нашиот ученик на меѓународен натпревар за обновлива енергија!

На 7 мај 2025 година, на свечена церемонија одржана во Скопје, ученикот од основното училиште „25 Мај“ – Скопје, Дион Махмути, беше награден со награда за најдобар цртеж на меѓународниот конкурс „For the Best Drawing Depicting Renewable Energy“.
Овој конкурс беше организиран во рамките на проектот TRANSIT, поддржан од Европската Унија, со цел да се подигне свеста кај младите за значењето на одржливата и чиста енергија.
Ова достигнување претставува доказ за талентот и посветеноста на нашите ученици, но и за континуираната поддршка од наставниците и нашето училиште.
Координатор на активноста: м-р Дитурие Сејфедини